Македонија
23. July 2024 - 13:02

„Џип“ прегазил велосипедист во Тетово, возачот побегнал од местото на несреќата

На 22.07.2024 во 11.20 часот во СВР Тетово, Џ.М.(44) од с.Џепчиште, Тетовско, пријавил дека на 20.07.2024 во 11.20 часот на кружен тек помеѓу ул.„Иво Лола Рибар“ и  ул.„Благоја Тоска“ во Тетово, патничко возило „џип“ со швајцарски национални ознаки удрило во велосипед, управуван од неговиот татко З.М.(67) од с.Џепчиште, по што го напуштило местото. 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Клиничка болница Тетово, по што, поради сериозноста на повредите, бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде починал. По насоки на јавен обвинител бил извршен увид од увидна екипа од СВР Тетово и се преземаат мерки за расчитување на случајот.