Џеј Ло облече минич кој ретки жени би се осмелиле да го носат
Џенифер Лопез е љубителка на женствени парчиња за облекување кои ги нагласуваат нејзините адути. За своето последно издание добила големи пофалби, поточно за розовиот мини фустан на брендот Gucci.
Џенифер Лопез на својот Инстаграм профил споделила атмосфера од снимањето на натпреварувачкото танцувачко шоу „World of Dance“ каде има улога на судијка.
На снимањето го пленела вниманието со одважната модна комбинација во која доминирал розевиот ретро фустан на брендот Gucci, од волна и свила, а кој дополнително бил украсен со кристали.
Иако фустанот има долги ракави и е со малку поширок А крој, станува збор за модел кој е долг само 88. сантиметри, од рамената до работ.
Кусото подвиткување го отежнува движењето па поради тоа ретко која дама би се осмелила да го носи.
Ново на Сител
-
Трамп: Доаѓа златна доба за САД
-
Се подготвува нов Закон за судска служба
-
Фетаи: Јавната администрација е пренатрупана
-
Општина Охрид ќе награди пожарникари кои се бореа со пожарите
-
Прилеп конечно после години доби проект за нов театар
-
Преглед на вестите од светот
-
Дали и каде има пропусти при третманот на бебето од Струмица кое почина на детска?
-
Тема на денот со Изет Меџити, вицепремиер