Џафери за секој случај стави барикада пред расправата за јазиците
За денеска е закажана седницата во македонското Собрание на која точна на дневен ред е и Законот за јазиците, за кој опозициската ВМРО-ДПМНЕ има поднесено 35.000 амандмани, што е рекорден број за било кој закон до сега.
Никој од пратениците не знае дали претседателот на Собранието Талат Џафери ќе ја отвори расправата за Законот за употреба на јазиците во трето читање, но за секој случај Џафери за да се заштити стави заштитна преграда на местото каде што му стои картичката за евиденција на гласањето за да не може никој да му ја земе, јавува Сакамдакажам.
Таков случај имаше минатиот август, кога пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски му ја извади картичката на Џафери, па спикерот го повика обезбедување.
Извори од владејачкото мнозинство за САКАМДАКАЖАМ.МК велат дека не очекуваат Џафери да ја отвори расправата за јазиците без претходно да има договор со ВМРО-ДПМНЕ за поднесените амандмани.
„Негово е правото дали ќе отвори расправа или не за Законот за употреба на јазиците. Прво треба да ги поминеме останатите точки, за кои треба само да се гласа, а дали ќе се врати на точката за Законот за употреба на јазици или ќе ја отвори другата најавена седница само претседателот одлучува. Не верувам дека без договор со опозицијата, Џафери ќе ја отвори расправата, влогот е голем“, велат од мнозинството.
Ново на Сител
-
Уставен суд утре ќе расправа по иницијатива за оценување на стажот на јавните обвинители во периодот на нивното членување во Советот на јавни обвинители
-
Царинска управа: Соработката со деловната заедница подразбира континуитет и посветеност
-
До Центар за јавно здравје Куманово пристигнала една пријава за заболен ученик од шуга, преземени сите мерки во училиштето
-
Вработен во транзитниот центар Табановце бил нападнат од мигрант
-
Пораст на заболени од шуга минатата година во споредба со 2023 година
-
Голтнал ќесичка кокаин при претрес, 32-годишен Охриѓанец инто пренесен во болница
-
Градоначалникот на Кавадарци пријавил закани од сограѓанин
-
Кривична пријава против вработен во СВР Битола за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“