Македонија
12. February 2024 - 18:39

Џафери: Вучиќ е дел од пропагандата против Албанците во Македонија

Пораката на српскиот претседател, дека Албин Курти сака да го симне ДУИ од тронот, а после изборите да биде дел од власта во Македонија, техничкиот премиер ја смета за пропаганда.

„Божем многу се загрижени за судбината на Али Ахмети и ДУИ, а во суштина се против интересите, колективни на Албанците овде. Но, граѓаните тоа го разбираат соодветно, на што се однесува таа „душегрижевност“ на изјавителите на тие изјави, а во суштина и децата во „колевка“ си знаат дека тоа се работи, индиректно фактички се иницира „незадоволството“ кон божем ДУИ.   

Според Џафери, интереси на Вучиќ, биле против колективните на Албанците во државата.

09.24 Јасно е дека е дел од пропагандата којашто се прави интензивно, и од надвор и од внатре.

Можното учеството на партијата на косовскиот премиер на изборите во Македонија беше отворено на крајот на минатата година, кога албанскиот опозициски блок најави дека на нивните листи ќе има и имиња на партијата Самоопределување, чиј лидер е Албин Курти.