Џафери со сочувство до бугарскиот државен врв за загинувањето на семејството Бошнакови
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери изразува длабоко сочувство во свои лично име и од име на пратениците до државниот врв на Република Бугарија за ненадејната загуба на животите на четиричленото семејство Бошнакови во авионската несреќа над Солунска Глава.
-Викендот поминат заедно со семејството во нашиот прекрасен Охрид, за жал заврши со сосема неочекуван и тажен крај за Бошнакови. Нивниот лет беше прекинат со падот на леталото над Солунска глава. Ова е жалосен настан за нивните блиски, за нивните пријатели, познаници и соработници, меѓутоа жалосен настан и за Република Бугарија и нејзините граѓани. Нека живее споменот за ова семејство во сеќавањето на сите кои лично ги познавале и споделувале заеднички мигови со загинатите, нека почиваат во мир, пишува Џафери.
Авионот Цесна, за кој на 2 април во 16:16 часот беше пријавено дека се изгубил од радар, а полетал од Охрид за Софија, од припадници на МВР бил лоциран нешто по 19 часот на околу пет километри северозападно од Солунска глава.
Во несреќата загинаа Г.А.Б. (1970 год.), К.Ц.К.Б.(1972 год.), Г.Г.Б. (2005 год.) и Б.Г.Б. (2000 год.) сите од Република Бугарија.
Ново на Сител
-
ЦУК: Конститутивна седница на Управувачкиот комитет за координација
-
Кривична пријава за 16-годишник од Крива Паланка, украл автомобил од сограѓанин
-
Тешко повредени мајка и ќерка од Гостивар откако врз нив паднала порта
-
Ужас во Скопје: Го киднапирале и го натерале да се самозапали
-
Оливер Миланов ја презеде функцијата директор на Агенција за храна и ветеринарство
-
Злате Мехмедовиќ ќе биде новиот директор на Клиниката за физикална медицина и рехабилитација
-
Франција распореди 30.000 полицајци поради страв од немири на денот на изборите
-
Кој е Кир Стармер, идниот британски премиер?