Џафери се сретна со претседателот на Европскиот комитет на регионите Ламберц
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери денеска се сретна првиот човек на Европскиот комитет на регионите, Карл-Хајнц Ламберц, кој е во дводневна посета на земјава.
Европскиот комитет на регионите е советодавно тело на Европската Унија, составено од локално и регионално избрани претставници кои доаѓаат од сите 28 земји – членки и кои даваат мислење за законодавството на ЕУ што директно влијае на регионите и градовите.
Џафери, како што информира собраниската Прес-служба, истакна дека граѓаните очекуваат од единиците на локалната самоуправа да задоволат широк спектар на економски, еколошки и социјални потреби и за таа цел се посветува големо внимание на проширувањето на надлежностите на локалните власти, на зголемената фискална децентрализација и фискалните капацитети и правичното спроведување на Законот за еднаков регионален развој.
Тој посочи дека на политички план во изминатиот период земјата успеа да ја надмине политичката криза, да го зајакне владеењето на правото, да направи фундаментални промени во насока на инклузивна и отворена политичка атмосфера и да испорача конкретни резултати.
– Во однос на зајакнувањето на добрососедските односи, беа преземени тешки и храбри чекори за решавање на проблемот со името, со што се отвори и патот кон евроатланска интеграција на земјата, а со Договорот од Преспа и со Договорот за добрососедство со Бугарија, Република Северна Македонија придонесе за пошироката регионална стабилност и даде пример за помирување во регионот, порача Џафери.
Ламберц, пак, рекол дека неговата посета на земјата во време кога се очекува Европската Унија да определи датум за почеток на преговорите за членство, претставува поддршка на Комитетот на овој наш стремеж, имајќи го предвид позитивниот извештај на ЕУ за напредокот на Република Северна Македонија.
Тој истакнал дека земјава реши важни прашања во законодавството во однос на децентрализацијата, фискалната децентрализација и регионалниот развој, но и дека тоа се клучните предизвици со кои се соочуваат сите европски држави. Нагласувајќи ја важноста на меѓуграничната соработка, претседателот Ламберц информираше за можностите и механизмите кои ги нуди Европскиот комитет на регионите, кои пак не можат да се применат без националното законодавство и изрази надеж дека, во наредниот период ќе има напредок во оваа насока.
На крајот, тој изрази оптимизам дека во октомври ќе има добри вести од ЕУ и дека следниот чекор за земјата ќе биде почетокот на преговорите, поглавје по поглавје.
Ново на Сител
-
„Гугл“ ја засили борбата против злонамерни мрежни следачи
-
ДКСК повикува на транспарентност и анализа при донесување на измените на Законот за јавни набавки
-
Бајден помилувал 39 лица за ненасилни кривични дела, а им ги намалил казните на 1.500
-
Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите 100 национални кујни во светот
-
Разбиена криминална група која тргувала со оружје во Косово и Албанија, уапсени 14 лица
-
Отстранети неколку диви депонии во Ѓорче Петров, Чаир и Бутел
-
Изгласани законски измени за забрзување на изградбата на делниците на коридорите 8 и 10д
-
Урош Блажиќ прогласен за виновен за масакрите во две села во Србија, осуден на затворска казна од 20 години