Џафери повика обезбедување во тек на расправата за разрешувањето на Зврлевски
Во вечерното продолжение на расправата во Собранието за разрешувањето на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски на барање на претседателот на законодавниот дом Талат Џафери во пленарната сала беше распоредено собраниското обезбедување.
Образложението на спикерот за присуството на обезбедувањето е негова реакција на тоа што, како што рече, се случила ситуација во која пратеник му ја тргнал картицата. - Од таа причина е преземена мерка во моја надлежност за да може да се работи понатаму, рече Џафери.
На распоредувањето на обезбедувањето зад говорницата реагираа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, барајќи тоа да биде повлечено. Во меѓувреме Џафери ја повикуваше пратеничката Павлинче Честојнова која беше на ред за реплика да земе збор. Нејзините сопартијци реакоа дека тоа не може да се случи во присуство на обезбедување. Потоа обезбедувањето беше повлечено, а пратениците се вратија на место.
Следеше излагањето на Честојнова, по што расправата продолжи со процедурални реакции на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и претседателот на Собранието околу тоа кој го крши собранискиот Деловник.
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Истече рокот за приговор до ДИК
-
Претседателска кампања 2024
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-
Течат последните часови од рокот за приговор - ДИК ќе чека до 19 часот
-
И Мицкоски и Ковачевски во поход за поддршка од помалите партии
-
Изборна кампања
-
Ценовен шок за возачите: Поскапе осигурувањето за регистрација на возилата