Џафери: Никогаш не сум вршел притисок за себе и моето семејство
Собранискиот спикер Талат Џафери негира дека тој ја искористил својата позиција и влијаел на сопартиецот Аднан Јашари во 2015 како министер за правда да му овозможи на неговиот син Барлет предвреме, без диплома и потребен приправнички стаж да го полага правосудниот испит.
Сепак, Џафери не сакаше да открива повеќе детали дали и како неговиот син, кој е сега и академец во Академијата за судии и јавни обивнители, го положил испитот.
Реакцијата на Џафери стигнува по речиси еден месец откако антикорупциската комисија го откри случајот, но не можеше да отвори постапка против Барлет и Јашари бидејќи документите за полагањето на правосудниот испит министерството за правда ги чувало само една година.
Антикорупциската комисија се сомнева дека Јашари искористил спорно дискреционо право и во февраури 2015 година на Барлет Џафери му овзможил да го полага правосудниот испит иако тој диполомата од Штуловиот универзитет со потребните 300 кредити ја земал дури во јуни 2015.
Проблем беше откриен и во самите дипломи. Просветниот инсепкторат утврди дека на дипломите што го издавал Универзитетот во Тетово за правници, стоело звање VII-1 што одговара на дипломиран правник со 4 години студиски години, но од освоените кредити посочени во самата диплома јасно е дека станува збор за студии со само 3 години. Инспекторатот открил над 400 вакви уверенија, иако ректорот на ЈИЕ тврди дека биле само над 200 и се работело за техничка грешка.
Од министерството за правда нема информација дали ќе направат некаква ревизија на оние кои го положиле правосудниот испит на овој начин.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар