Македонија
8. December 2017 - 10:29

Џафери: Меѓусебно почитување, разбирање и помагање

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери упати честитка по повод празникот Свети Климент Охридски.

- Основоположникот на Охридската книжевна школа нè обврзува на солидарност, мудрост и негување на цивилизациските вредности. Создавањето на кирилицата и ширењето на писменоста е светол пример на чување и унапредување на наследството за сите народи, се наведува во честитката.

Во неа се додава дека чествувањето на секој празник е добра можност да се потсетиме на неопходноста и придобивките од меѓусебното почитување, разбирање и помагање како и да си посакаме мир и благосостојба.