Џафери – Курти: Подготвени сме да му ги пренесеме на Косово нашите искуства на патот кон ЕУ и НАТО
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска во Приштина, во рамките на неговата официјална посета на Косово, се сретна со косовскиот премиер Албин Курти.
Притоа, како што информира собраниската прес-служба, Џафери оцени дека средбата претставува потврда на заложбите на Северна Македонија и Косово за продлабочување на билатерална комуникација и унапредување на меѓусебната соработка во сите области од заемен интерес, со цел за натамошно зацврстување на добрососедските односи, како и пријателството и блискоста меѓу граѓаните од двете земји.
Тој нагласил дека земјава принципиелно ги поддржува евроатлантските аспирации на Косово и во континуитет искажува подготвеност за пренесување на стекнатите знаења и искуства, како на патот кон ЕУ, така и во однос на интегрирањето во НАТО. Членството на Северна Македонија и Косово во овие две организации, според Џафери, е гаранција за безбедноста, натамошната стабилизација и просперитетот за Регионот. Северна Македонија, како членка на НАТО, директно придонесува со учество на припадници на Армијата во КФОР мисијата во Република Косово.
Косовскиот премиер Курти изрази задоволство што соработката меѓу двете земји се остварува преку отворен политички дијалог, заснован на меѓусебно уважување и почитување, како и интензивна економска и трговска соработка, тренд кој се очекува да продолжи со несмален интензитет и во иднина.
Тој нагласи дека Косово и неговите граѓани покажаа силна посветеност на демократските вредности и цврсто се определени за целосна евроатлантска интеграција. Изразувајќи загриженост за безбедносната состојба во регионот, особено по воената агресија на Руската Федерација врз Украина, премиерот Курти оцени дека барањето на Косово за членство во НАТО и ЕУ да биде третирано со најголема сериозност.
Џафери и Курти оценија дека првата заедничка седница меѓу Владите на Северна Македонија и Косово несомнено преставувала позитивен импулс за натамошно интензивирање на билатералните односи и надградување на заедничките интереси за поинтензивна регионална соработка.
Тие изразија уверување дека од потпишаните договори и меморандуми ќе произлезат конкретни проекти, со цел за подобро инфраструктурно поврзување на двете земји, олеснување и унапредување на економската соработка и комуникација, соработка на полето на енергетиката, туризмот, културата, дијаспората и др.
Премиерот Курти истакна дека шест месеци по потпишувањето на овие договори треба да се направи проценка на нивното спроведување, односно да се разгледа степенот на реализација во рамките на работните групи од двете земји.
Џафери на средбата нагласи дека земјава има афирмативен став за пристапувањето на Косово кон сите мултилатерални и регионални иницијативи и форуми и ќе продолжи со поддршката на овој план.
Во врска со актуелната состојба во Украина, претседателот Џафери информира дека Собранието усвои Декларација за осуда на воените напади кои го загрозуваат територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, во која меѓу другото, од надлежните институции се бара да бидат во тесна координација со земјите членки на НАТО и ЕУ во однос на заедничкиот ангажман за поддршка на дипломатските напори за итен и безусловен прекин на воените дејствија на територјата на Украина.
Соговорниците изразиле уверување дека политичкиот дијалог и соработка ќе продолжат со несмален интензитет, со посебен акцент на продлабочувањето на економската соработка, инфраструктурното поврзување и евроатлантските интеграции.
Во состав на Делегацијата што ја предводи Џафери, се и пратениците Бејџан Илјаз, Бети Стаменкоска-Трајкоска и Изет Меџити, членови на Пратеничката група за соработка со Парламентот на Косово.
Ново на Сител
-
Нов бојкот на маркетите поради високите цени
-
Растат бројките на заболени од грип - се зголемува бројот на хоспитализации
-
Обвинение за четири лица за изведбата на фасадата на владата
-
Преглед на вестите од светот
-
Лажни дојави за бомби испразнија повеќе основни и средни училишта низ Македонија
-
Јавна расправа во собранието - како да се зголеми безбедноста во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе иницијативата за интерпелација на дел од членовите на Судскиот совет
-
Граѓаните и денеска ги бојкотираат големите маркети