Џафери: Членството во НАТО е дело на сите минати и актуелни политички гарнитури
Претседателот на Собранието Талат Џафер денеска упати честитки по повод одбележувањето една година од нашето полноправно членство во Северноатлантската договорна организација – НАТО.
Џафери им ја честита годишнината од НАТО членството на граѓаните, но и на институциите на Република Македонија, до сите минати влади и политички чинители и до актуелните политички гарнитури, без оглед дали се од власта или опозицијата, бидејќи, како што вели, секој од нив, во својот домен, ја даде својата поддршка и имаше удел во статусот што го имаме и уживаме денес, односно 30-та земја членка на најмоќниот воено-политички сојуз, безбеден чадор и чувар на безбедноста на нашите граѓани и на територијалниот интегритет на Република Македонија.
– Ние сме подготвени за иднината – Македонија во НАТО 2030, напиша во честитката претседателот на Собранието Џафери.
Тој потсети дека на 11 февруари 2020 година ја водел свечената 133. пленарна седница по повод ратификацијата на Договорот и како што рекол и тогаш, повторува и сега, дека „За нас, ова е историски ден!“.
– И навистина, исправноста на таа одлука се потврди за време на оваа година а сигурно ќе се зацврсти уште повеќе во годините што следат. Раката на поддршка и пријателство што ја пружија земјите членки на НАТО, нашите сојузници, беше од огромна корист за нашиот здравствен систем и справувањето со последиците од пандемиската криза. Убедени сме дека таа поддршка ќе биде сигурен наслон во идните предизвици што следат затоа што, тоа е мотото на НАТО, сите за еден и еден за сите! Ние сме подготвени да го дадеме својот придонес и удел во колективната безбедност и сигурност на семејството на НАТО, стои во честитката упатена од претсдателот на Собранието Талат Џафери.
Ново на Сител
-

Илон Маск: УСАИД беше политичка организација, никој не умре што ѝ ги скративме парите
-

Ги тепале сопствените мајки: 34-годишник бидејќи не му дала пари, 24-годишник ја влечел заглавена за врата од кола
-

Иран повторно ѝ се закани на Бугарија поради американските авиони
-

Фатени на камера, со натписи „УЧК“ вандализиран Српскиот културен центар во Куманово | ВИДЕО
-

Поскапува парното во Скопје, новите цени важат од 1 август
-

Ќерката на Гоце Тодоровски: Уште кога си замина кумац Ванчо, замина и дел од тебе, сега барем знам дека сте заедно
-

Авионска дезинсекција против комарци во Скопје на 30 и 31 јули
-

МВР воведува брзи тестови за дрога кај возачите – резултат за 10 минути
