Двојно убиство попладнево во скопско Стајковци
Двојно убиство се случило денеска во скопското село Стајковци, а осомничениот извршител со повреди е хоспитализиран, потврди Министерството за внатрешни работи.
Во СВР Скопје во 12:30 часот било пријавено дека во село Стајковци, на тераса и на скали во домот, со повреди на главата биле пронајдени В.К.(64) и неговата снаа С.К.(57).
Лекар од Итна медицинска помош на местото констатирал смрт кај жената С.К., додека В.К. со повреди бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде што починал во 14.00 часот.
Осомничен е Љ.К.(67), брат на В.К., кој, како што информира МВР, имал здравствени проблеми. Тој бил пронајден со убодни рани од полицајци од Полициската станица Гази Баба и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје.
Љ.К. е пренесен за укажување помош во Универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски Скопје“.
Директорот на клиниката, д-р Љубен Арсенков, за МИА потврди дека е хоспитализиран пациент на околу 70 години со исеченици и површни повреди во предлот на левата страна на градниот кош и на главата.
МВР презема мерки за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Гордан Јорданов од ОМД
-
Научник кој живеел и работел во Нови Сад е Македонецот кој загина на железничката станица
-
Освен „шминка“, потребна е проверка и на стабилноста на објектите
-
Полицијата уапси еден од напаѓачите по синоќешното пукање во Арачиново
-
Убиство во Штип
-
Се интензивираат работите за изградба на автопатот Прилеп-Битола
-
Мицкоски му одговори на Ахмети - Наместо за избори, подгответе се за одговорност
-
СДСМ бара поддршка за законските измени