-->
-->
Дводневен самит на Г-20 во Бон
-->
Министрите за надворешни работи од Групата на 20-те најразвиени економии (Г-20) денеска ги започнуваат дводневните разговори во некогашната германска престолнина Бон, каде што фокусот ќе биде ставен на глобалниот економски развој, јави БТА.
Домаќинот Германија сака да се запазат 17-те зацртани цели за забрзан развој, коишто меѓународната заедница предвидува да се постигнат до 2030. Справувањето со евентуални идни кризи и поддршката за Африка исто така се на дневен ред.
Средбата ќе биде прва можност новоназначениот американски државен секретар Рекс Тилерсон да се сретне со клучните луѓе од светската дипломатија, меѓу кои и министрите за надворешни работи на Русија, Велика Британија и Турција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вооружен грабеж во продавница на Градски стадион - уапсени две лица
-
Мерки притвор
-
Хаос и караници на вонредната седница на советот на Град Скопје
-
Тема на денот со Борче Треновски
-
Коцевски му одговори на премиерот
-
Отпочна со работа Флекс Брокер, третата компанија во Флекс Групацијата
-
Кредит за фирмите
-
Пренатрупаност во затворите