Движењето на Ѓулен не е терористичка органзиација за САД
Стејт департментот објави дека движењето на исламскиот проповедник Фетхулах Ѓулен не е терористичка организација, посочи портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби.
Тој одговарајќи на прашањето дали САД го делат мислењето на Анкара дека движењето Хизмет (служба) на Ѓулен е терористичка организација, посочи дека Вашингтон не ја перцепира на таков начин заедницата на исламскиот проповедник и оти тоа е внатрешна работа на Турција.
Кирби посочи и дека Стејт департментот не одговара на прашањето дали Ѓулен би бил екстрадиран во Турција, ако тоа го побара Анкара.
Турција неделава офицајално објави дека организацијата Хизмет, која има милиони приврзаници во светот, е прогласена за терористичка организација.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го обвинува Ѓулен дека создал паралелна структура во Турција преку своите поддржувачи во судскиот систем, полицијата и другите институции со цел соборување на Владата.
Ново на Сител
-
Осуденици добивале привремено ослободување: Истражните органи со детали за денешната акција
-
Тема на денот со Јован Јоновски, хералдичар
-
Критики од европските претставници за гласањето во ООН
-
9-тото електрично возило за чистење на БРАКО излезе на пазарот
-
Пратенички прашања: Од резолуцијата во ОН, преку Коцевски, до кој какво млеко пие
-
Уште 8 амбасадори се пакуваат за дома
-
Заменик градоначалникот на Скопје си поднесе оставка - Арсовска тврди дека таа го разрешила
-
Македонија сака да увезува отпад од ЕУ - Пратениците расправаат за последиците од аерозагадувањето