Две третини од светската популација имаат недостиг од питка вода
Околу четири милијарди луѓе ширум светот, од кои речиси две милијарди само во Кина и Индија, вкупно околу еден месец во годината се соочуваат со сериозен недостиг на вода за пиење, се наведува во извештај објавен во најновиот број на американското научно списание „Сајнс Адванс“.
- Од нив, околу 500 милиони луѓе речиси во текот на цела година се соочуваат со недостиг на питка вода, се посочува во извештајот, изработен врз основа на податоци од државни институции и меѓународни организации.
Во извештајот, подготвен од група научници од Универзитетот во холандскиот град Твенте, се наведува дека овој недостиг на вода за пиење се должи на глобалниот пораст на населението, растот на потрошувачката и зголемните потреби за наводнување во земјоделството.
Освен во Индија и Кина, во одредени периоди во годината сериозен недостиг на вода за пиење има и во Бангладеш, Пакистан, Нигерија, Мексико, како и во делови на САД, пред се во југозападниот дел на Калифорнија и во јужните реони на Тексас и Флорида.
Авторите на истражувањето апелираат до владите да изготваат поефикасни стратегии за управување со водните ресурси, со цел да се задоволт основните потреби за вода на пиење на светската популација.
Ново на Сител
-
На скопската брза помош и треба итна помош за вработувања
-
Џеј Ди Венс: Најголемата закана за Европа доаѓа од внатре
-
Тема на денот со Тоше Зафиров, политиколог
-
Таравари бара во пакет со симболите да се решат и етнички прашања, за ВМРО-ДПМНЕ на маса е само промената на грбот
-
Стартува Минхенската конференција - Ќе донесе ли трајно решение за руско-украинската војна?
-
Голем интерес од банките за кредитите преку Развојната банка
-
Прва средба на Муцунски - Георгиев утре во Минхен
-
Правда ја почна постапката за разрешување на Коцевски