Македонија
9. November 2017 - 13:59

Две страотни сообраќајки на автопатот Скопје - Велес, еден возач удри во карпа, другиот во патоказна табла

Вчера во 13,30 часот на автопат Скопје - Велес на место викано „Фазенерија“, се случила сообраќајна незгода во која Т.К. (64) управувајќи патничко возило “Мерцедес  Ц180“ со прилепски регистарски ознаки изгубил контрола над управувачот и со возилото удрил во патоказна табла и се здобил со тешки телесни повреди. 

Од незгодата со телесни повреди се здобил и неговиот сопатник С.И.(56) од Прилеп, Двајцата со возило на брза помош биле пренесени во Градската општа болница Св. Наум Охридски во Скопје.

Во истото време  на автопатот Скопје- Велес се случила сообраќајна незгода во која М.Н. (67) од Штип управувавајќи патничко возило „Санјонг“ со штипски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во карпа. 

По ударот, возилото излетало од патот. Во несреќата М.Н. се здобил со телесни повреди а неговата сопатничка Н.Н. (62) се здобила со тешки телесни повреди. Двајцата со возило на итната медицинска помош се префлени во Ургентниот центар во Скопје каде им е укажана лекарска помош.