Македонија
19. February 2021 - 8:31

Две седници на собраниската Комисија за здравство

Во Собранието на Република Македонија денеска две последователни седници ќе одржи Комисијата за здравство.

Единствена точка на дневниот ред на првата седница е Предлог-законот за реализација на проектот „Нов Универзитетски клинички центар“ за изградба и ставање во употреба на комплекс на градби, по скратена постапка во второ читање.

На втората седница членовите на Комисијата за здравство ќе расправаат за предлог законите за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, и за изменување на Законот за здравственото осигурување, и двата по скратена постапка во второ читање.