Две нови возила за интерклинички транспорт на пациенти во комплексот клиники „Мајка Тереза“
Две нови специјално модулирани возила, соодветно опремени и климатизирани за интерклинички транспорт на пациенти во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, со кои ќе се придонесе за подобар нивен третман, набави Министерството за здравство.
Целта на оваа набавка, соопштија од Министерството за здравство, е да се обезбеди квалитетен пренос на пациенти, нивна заштита од надворешните временски влијанија, како и третман на нивното здравје и нега при транспортот.
Дополнително, со користењето на двете нови возила за транспорт се обезбедува здравствена заштита и заштита на приватноста на пациентите при транспортот. Реализацијата на оваа набавка значи дека пациентите нема повеќе да се пренесуваат физички, на носилки од една до друга клиника. Возилата се дел од Службата за заеднички работи, ќе се користат за транспорт на пациенти од една до друга клиника и ќе бидат користени исклучиво во рамки на комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, стои во соопштението
Ново на Сител
-
Муцунски: 2025 да биде година за старт на преговорите
-
Продолжуваат протестите на синдикатот на УПОЗ
-
Преглед на вестите од светот
-
Постигнат е договор: Дополнителни 6 денари по килограм оризова арпа
-
Штип под снежна покривка од 35 сантиметри
-
Гаши вели дека завршил со Даути, за нејзино разрешување надлежен бил друг
-
Менкиновски: Македонците со фиктивни адреси во Бугарија ќе ги задржат државјанствата, но ќе платат парична казна
-
Тема на денот со Марјан Ристевски, заменик министер за економија