Македонија
18. September 2017 - 12:11

Две награди за Театарот за деца и младинци на фестивал во Подгорица

Театарот за деца и младинци (ТДМ) за претставата „Петар Пан“ во режија на Боњо Лунгов освои две награди на 6. Меѓународен фестивал на кукларство во Подгорица, соопшти ТДМ. 

Театарот освоил награда за актерско мајсторство за ликот на Ѕвончица во изведба на Татјана Кочовска-Павловска и награда за најдобра сценографија. 

Шестиот Меѓународен фестивал на кукларство во Подгорица се одржа од 13-ти до 17 септември.