Македонија
21. August 2021 - 12:22

Две малолетнички тешко повредени во сообраќајка кај скопско Јурумлери

Вчера во 20.15 часот на локалниот пат од с.Јурумлери кон нас. Драчево, скопско, се случила е сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „пежо“, со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Џ.(61) од Скопје и запрежно возило, соопштија од МВР.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле две малолетни сопатнички од запрежното возило, констатирани во Ургентен центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.