Македонија
1. March 2018 - 15:39

Две лица каснати од кучиња во Скопје

Во изминатите два дена во Скопје во полиција биле пријавени два случаи на каснување од куче.

Вчера Б.И.(30) од Виница, пријавил дека на 27.02.2018 година околу 08.15 часост движејќи се на улица „Максим Горки“ во Скопје, бил нападнат од повеќе кучиња скитници од кои едното го каснало на левата нога во пределот на левата подколеница.

Жителка од Скопје К.Н.Р (42) вчера пријавила ека на 27.02.2018 година во 23.00 часот на улица „Благоја Стевсковски“ нејзиниот 14-годишен син бил каснат од страна на куче скитник во пределот на десната надколеница.