Дванаесетти ден од изборната кампања за претседателските избори
Со презентација на програмите на средби со граѓани и митинзи, денеска продолжува изборната кампања на претседателските кандидати за првиот круг од изборите на 24 април.
Кандидатот за претседател на коалицијата предводена од СДСМ Стево Пендаровски денеска ќе ги посети скопските општини Сарај, Чаир и Ѓорче Петров, а митинг ќе одржи во општина Гази Баба, додека кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска - Давкова ќе ја презентира програмата пред граѓаните во Кривогаштани, Крушево и Прилеп.
Кандидатот за претседател на Движењето ЗНАМ - За наша Македонија Максим Димитриевски ќе ја презентира програмата пред граѓаните во Скопје, на три локации во централното градско подрачје и пред граѓаните во Гостивар, каде вечерта ќе одржи митинг.
Актуелниот претседател и кандидат за нов мандат Стево Пендаровски синоќа одржа средби со граѓаните во Кратово и Старо Нагоричане, каде порача дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ и нивната кандидатка за претседател Гордана Силјановска - Давкова немаат идеја, ниту план за тоа што да прават со евроинтегративниот процес. На митингот во Крива Паланка рече дека ако ја добие довербата на грѓаните, државата ќе продолжи сигурно кон Европа.
Од центарлниот митинг во Куманово рече дека ќе остане истиот претседател, на сите што живеат во Македонија.
-Ако на 24 направиме масовна политичка стабилизација, ве уверувам дека ќе биде обична „егзекуција“ да го завршиме процесот на 8 мај. Ве замолувам сите масовно на гласање и заокружување на бројот 1 на 24 и „второто полувреме“ и мечот да го добиеме на 8 мај, повика Пендаровски.
Кандидатот за претседател на државата од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова ги посети општините Петровец и Центар, а вечерта се обрати на митингот во Кисела Вода од каде ја испрати пораката дека ако биде избрана за шеф на државата, нема да прави никаква разлика меѓу граѓаните, по ниту една основа, партиска, етничка, верска или социјална, туку напротив, како што рече, ќе ги обединува и ќе ги претставува сите подеднакво.
- Легитимитетот на претседателот треба да извира од граѓаните и тоа е најдоброто решение за демократијата. Таа повтори дека е против шефот на државата да се бира во Собранието. Потенцира и дека земјава сака да биде дел од европското семејство каде историски, географски и културно припаѓа, но само доколку се почитува нејзината различност, како што се респектираат различностите на членките на Унијата и на другите кандидати за членство.
Билјана Ванковска, кандидатката за претседател на државата предложена од партијата Левица вчера на митингот во Кавадарци на присутните им посочи зошто би била подобра од нејзините противкандидати. Според неа, тоа е така затоа што има програма, идеја, идеологија и верува во победа.
- Ние не сме албанофоби. Јас сакам да бидам претседател на сите граѓани. Нема веќе делење. Сите деца ни отидоа затоа што овде веќе не им се живее, изјави Ванковска.
Кандидатот за претседател на Европскиот фронт Бујар Османи оствари средби со жителите од повеќе населени места од кривогаштанскиот и од долненскиот регион. Османи нагласи дека води позитивна кампања и додаде дека на овие избори се наоѓаме пред голема дилема.
- Се наоѓаме пред дилемата: Дали интеграција или изолација, дали соживот или етнички тензии, дали прогрес или регрес. За жал, тие се двете понуди и јас сум среќен што можам во име на Европскиот фронт, најголемиот мултиетнички блок да понудам интеграција за пет години соживот помеѓу етничките заедници, правда и еднаквост и можност секој граѓанин да сонува и да го оствари својот сон, независно од кое семејство потекнува, од која етничка припадност е, од социјална категорија, од село или град. Секое дете да може да сонува и тоа да го оствари, а државата да му помогне, а не да му попречи во тоа, рече Османи.
Коалицијата Влен (Вреди) ги одложи вчерашниот митинг во Гостивар и сите денешни активности на претседателскиот кандидат Арбен Таравари поради тоа што во сообраќајна несреќа загина младиот гостиварец Е.А.
Ново на Сител
-
Масовни протести во Грузија: Стотици уапсени, полицијата обвинува за насилство
-
Одговорност за наставничка што ја организирала приредбата во ОУ „7 Март“ во Челопек
-
Приведена кавадарчанка за обид со туѓа лична карта да подигне пари
-
Уапсени се 18 лица поврзани со инцидентите за Денот на албанското знаме, четворица се во притвор, информира Тошковски
-
Се бара „неработник“ на годината
-
Кавадарчанка пријавила вознемирување со објави против неа, закана и обид за физички напад
-
Предлог-буџетот за 2025 на собраниската седница закажана за 10 декември
-
Винисиус сака да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија