Дванаесет Холанѓани се заразиле со хепатитис од боровинки, се стравува дека бројката е многу поголема
Во Холандија 12 лица се заразиле со хепатитис А откако вирусот дошол во контакт со боровинки. Според холандскиот портал Nu.
nl, тоа се случило бидејќи берачот на боровинки не ги измил рацете по користењето на тоалетот.
Загадените боровинки се продавале замрзнати во супермаркетите „Алберт Хајн“, спакувани во ќеси од еден килограм, пренесуваат холандските медиуми.
Боровинките пристигнале од Полска, а рокот на траење на пакувањата е до 14 април 2026 година.
Еелко Франц, претставник на Холандскиот национален институт за јавно здравје и животна средина, рече дека во моментов може да се заразат стотици луѓе, додека малопродажниот синџир ги повика клиентите да ги вратат боровинките во продавницата.
Франц истакна дека двајца пациенти се хоспитализирани и се во тешка состојба. Според него, возраста на заболените се движи од 25 до 77 години.
Според холандските медиуми, голем дел од заразените можеби не ни знаат дека се заразени, бидејќи некои се опоравуваат од хепатитис А во блага форма, па дури и не бараат лекарска помош.
Првите пријави за заболени дојдоа од матичните лекари, а подоцна општинската здравствена служба потврди дека боровинките се причина за заразата.
Експертот нагласи дека вирусот на хепатитис А не можел да навлезе во боровинките, туку бил присутен на нивната површина.
Ново на Сител
-
Македонската зелка нема опасни пестициди
-
Купете си изгубен куфер за 120 денари
-
Преглед на вестите од светот
-
Запрена постапката за организаторите на 27 април - Судот утврди дека и за нив важи амнестијата
-
Вешти лица - Илијевска убиствата ги извршила во афект, стравувајќи за сопствениот живот
-
Грчкото МНР му одговори на Мицкоски - Македонското прашање е решено и дефинитивно
-
СДСМ: За хаосот на онкологија целата одговорност е кај власта
-
Преглед на вестите од светот