Двајца тешко повредени, шест полесно во девет сообраќајќи во Скопје
Две лица се здобиле со тешки телесни повреди, а шест со лесни телесни повреди во девет сообраќајни незгоди кои се случиле вчера на подрачјето на Сектор за внатрешни работи Скопје. Само во една сообраќајна незгода е причинета материјална штета.
МВР информира дека од преземените мерки и активности констатирано е дека 25 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Исто така од сообраќај се исклучени и 22 возачи од кои 18 го управувале возилото без да се стекнат со право за управување на моторно возило, додека четири лица возеле под дејство на алкохол.
Поради истечена важност на сообраќајната дозвола од сообраќај се исклучени 12 возила, а две биле технички неисправни. Тројца возачи се санкционирани, бидејќи поминале крстосница на црвено светло, пет возачи неправилно се престроиле, додека тројца неправилно престигнувале. Во однос на пешаците санкциониран е еден пешак кој поминал коловоз надвор од пешачки премин. Покрај ова, во текот на изминатиот ден издадени се 112 мандатни платни налози и 92 возила се подигнати со „Пајак“.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Засилени контроли на скопските улици
-
Тема на денот со Слободан Трендафилов, претседател на ССМ
-
Засилени контроли на скопските улици
-
Преглед на вестите од светот
-
Интереплација на власта за членовите од Судски што ги избрало Собранието
-
Судски совет ќе испитува грешка кај судијката која за продажба на дрога одредила казна поправен дом
-
Објавени огласи за 47 обвинители и 50 судии: Ќе се пополни ли дупката во обвинителствата?