Балкан
7. July 2016 - 12:49

Двајца Сиријци загинаа при експлозија во Турција

Двајца сириски државјани, кои беа повредени во експлозија во куќа во југоисточна Турција, починаа во болница, јави интернет порталот на весникот „Заман".

Експлозијата се случи сношти во пограничниот турски град Рејханли, близу границата со Сирија, во месноста Хатај.

При истрагата е установено дека загинатите во тој момент всушност работеле на бомбата. Во пребарувањето на куќата, во која настана експлозијата, биле пронајдени оружје и придушувачи, соопштија Хатајските власти.