Македонија
16. August 2024 - 9:56

Двајца мажи повредиле бебе додека го тепале таткото

Деветмесечно бебе е повредено откако две лица го тепале неговиот татко во Гостивар.

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против М.Е.(29) од селото Неготино и Б.Ш.(30) од селото Дебреше поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

„На 12 август во трговски центар во Гостивар, по претходна расправија, пријавените физички го нападнале А.А.(36) додека го држел својот десетмесечен син, при што и детето се здобило со повреди“, информираат од МВР.

Ново на Сител