Loading Video...
Свет
9. September 2023 - 16:27

Двајца македонски државјани побарале евакуација од Мароко по катастрофалниот земјотрес

Над 800 лица загинаа во разорниот земјотрес од 7,2 степени според Рихтер кој доцна синоќа го погоди Мароко

Властите сепак стравуваат дека бројката на загинати ќе биде многу поголема бидејќи земјотресот кој погоди третина од државата зад себе остави рушевини под кои се уште се затрупани голем број семејства

 Епицентарот на земјотресот бил во планините Атлас, кои се тешко достапни и кои значително се очекува да го зголемат бројот на жртви .

„Во привремениот биланс на земјотресот што вчера вечерта во петок (08.09.2023) погоди некои провинции, бројот на загинати достигна, до 10 часот наутро, 820 луѓе, Господ да ги помилува душите и 672 повредени, од кои 205 се во критична состојба“ , изјави Рашид Ал-Калфи, генерален секретар за внатрешни работи

Најтешко погоден е историскиот град Маракеш кој е дел од светското културно наследство на УНЕСКо, каде се оштетени  некои од историските зданија. Градот истовремено е и атрактивна туристичка дестинација, а туристите и жители ноќта ја минаа под отворено небо

Бевме повредени во стариот град. Бевме оштетени од земјотресот. Сè е по Божја волја, но ние претрпевме голема штета. Жителите биле повредени и не можеле да влезат во своите куќи. Нема начин да се влезе во куќите. Моите родители се болни дома. Неопходно е да се побара помош. Не можеме да продолжиме без вода или струја. Патиштата се блокирани пред децата кои сакаат да одат во училиштата. Сакавме само да ги извлечеме нашите родители од дома, но не можевме. Има болни“,МАРОКАНЕЦ, МИЛУД СКРУТ

Бевме на храбра турнеја, само легнавме и не легнавме, бидејќи собата почна да се тресе. Тоа беше само.. да, собата почна да се тресе. Не е поинаку, се враќавме назад и напред и сè почна да се движи и сликите почнаа да се движат. Само зграпчивме облека и чанти и трчавме надвор, Лорен, една од другите луѓе на турнејата, дотрча и вреска да ни каже да излеземе смели луѓе, па целата наша група, излеговме овде и само се обесивме наоколу со локалното население. Потоа се вративме, тајно се вративме и зграпчивме неколку перници и ќебиња за секој случај, туристка од Австралија

Помош побарале и двајца македонски државјани. Од МНР информираат дека тие се евакуирани и сместени во камп во Маракеш, во добра состојба и утревешер патуваат за Мадрид

 Ги повикуваме сите државјани на Северна Македонија кои во моментот се наоѓаат во Мароко и имаат потреба од конзуларна асистенција, да се јават на дежурниот телефон на Амбасадата во Каиро +20 103 361 5542 и СОС телефонот на Министерството за надворешни работи 075/ 273- 732, информираат од МНР

Шокиран сум од синоќешниот разорен земјотрес во Мароко со стотици жртви. Искрено сочувство до семејствата на загинатите и желби за брзо закрепнување на повредените“, стои во објавата и на македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи

Сочуство за жртвите и најави за помош пристигнуваат од голем број светски лидери.

Моите мисли се со сите погодени од оваа трагедија и со спасувачите вклучени во операцијата за пребарување. ЕУ е подготвена да го поддржи Мароко во овие тешки моменти“, напиша претседателот на Европскиот совет  Мишел

Помош највија и лидерите на Гранција, Германија, Шпанија, Италија, Украина, Русија, Турција, Израел.

Според Геолошкиот институт на САД, ова е  најсилниот земјотрес што го погодил тој дел од северноафриканската држава во повеќе од 120 години.