-->
-->
Двајца бунтовници од ФАРК убиени во престрелка со колумбиските сили за безбедност
-->

Двајца бунтовници од Револуционерните вооружени сили на Колумбија (ФАРК) беа убиени во престрелка со силите за безбедност во департментот Боливар, откако ја напуштиле определената зона за носење оружје.
Армијата соопшти дека бунтовниците изнудувале луѓе во регионот, Друг член на ФАРК им се предал на властите.
Ова е првиот случај на нарушување на прекинот на огнот, договорен меѓу колумбиската Влада и ФАРК.
Двете страни во септември потпишаа мировна спогодба, која беше отфрлена на референдум во октомври. Кон крајот на минатата недела беше финализирана преработената варијатна на договорот, кој има цел да се стави крај на 50-годишниот конфликт, во кој загинаа над 220 илјади лица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Јанчев: По три дена непрекината, макотрпна и пожртвувана работа, пожарот во село Раец е целосно изгаснат
-

Пад на цените на нафтата
-

Николоски: Македонија бележи рекорди во авио-сообраќајот, само во еден месец македонските аеродроми опслужиле над 460.000 патници
-

ЦУК: До 18 часот 14 пожари на отворен простор од кои само еден е активен
-

Косово бара од ЕУ да изврши притисок врз Србија за спроведување на Декларацијата за исчезнати лица
-

Тошковски: Водата во Гостивар сѐ уште не е безбедна за пиење, смее да се користи исклучиво како техничка
-

Двајца македонски државјани прогласени за непожелни во Албанија
-

Ѓорѓиевски: Парична помош за 456 онколошки пациенти во наредните два дена
