Македонија
16. April 2018 - 11:43

Дваесетти Меморијален планинарски марш во Неготино

Дваесетти  Меморијален планинарски марш „Делчо Кузмановски“ се реализираше вчера  во Неготинско, во кој   160 љубители на природата од земјава и странство пешачеа на планината “Серта”.

- Овој марш започнавме да го организираме во чест на прерано починатиот   планинар Делчо Кузмановски и тој со годините ни стана традиција. Подоцна оваа планинарска активност им ја посветивме и на нашите другари планинари Атанас Трајков, Нахо Дуровиќ, Лазар Димовски-Кнез,  Крсте Бохаџиев, Драги Дуганов и Никола Ташев. Овие луѓе ќе останат засекогаш во нашите сеќавања,  рече Бранко Давидов, претседател на планинарското друштво „Серта” од Неготино, кое е организатор на овој марш.