-->
-->
Два медали на кинеските атлетичари во брзо одење
-->
Кинеските атлетичари Жен Ванг и Желин Чаи ги освоија златниот и сребрениот медал во трката на 20 километри брзо одење.
Ванг кој пред четири години на Олимпијадата во Лондон ја освои бронзата, а минатата година на СП во Пекинг стигна до среброто, конечно во Рио се закити со најсјајното златно одличје. Тој патеката долга 20 километри ја мина во време од 1 часи : 19 минути и 14 секунди што беше само за 12 секунди побрзо од сонародникот Чаи.
Бронзата му припадна Дани Бирд-Смит од Австралија кој за само 5 секунди беше побрз од домашниот бразилски фаворит Бонфима.
Третиот кинески атлетичар во оваа дисциплина Чен Динг инаку бранител на златото од Лондон трката во Рио ја заврши дури на 39-тото место.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Каква економија не очекува
-
Штипска Физикална се модернизира за да одговори на потребите на пациентите
-
На Водно се засекуваат бадникарските дрвца
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-
Слаб интерес за селекција на отпадот во Струмица
-
Гласен текстилец - и годинава ќе има злоупотреби при исплатата на К-15
-
Скопјани добија вода, дефектот е саниран