Дурмиши: Утре или најдоцна задутре треба да се достави Предлог-одлуката за ограничување на маржите до Владата
Министерството за економија утре или најдоцна задутре треба да ја достави Предлог-одлуката за ограничување на маржите на основните прехранбени производи до Владата.
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вечерва изјави дека ќе бидат опфатени производите од есенската потрошувачка кошничка надололнети со непрехранбени производи кај кои се зголемени високи маржи.
- Ќе има околу 100 групи на производи. Ќе се додадат и непрехранбени производи затоа што анализата на Државниот пазарен инспекторат покажа дека има вакви производи каде е зголемена маржата. Одлуката ќе важи до 30 април и ќе бидат опфатени и двата големи празника - Велигден и Рамазан, рече Дурмиши во централниот дневник на телевизија „Сител“.
Дурмиши истакна дека анализата на Државниот пазарен инспекторат покажува дека трговците на мало користеле маржи од 5 до 20 проценти кај основните прехранбени производи и од 20 до 30 проценти бруто профитна маржа кај неосновните непрехранбени производи.
Најави дека утре или задутре ќе се одржи и состанокот со надлежните институции на кој ќе се разговара за мерките коишто би имале подолгорочен ефект.
Останува на ставот дека новогодишната кошничка дала ефекти, но дека имало трговци и дистрибутери кои ја изиграле со зголемување на цените на оние производи што не биле дел од новогодишната кошничка. - Значи не дека новогодишната кошничка не даде ефекти, но не како што ние очекувавме, рече Дурмиши.
Ново на Сител
-
Николоски најавува влез на нови странски инвестиции
-
35 апликации од општините за финансирање проекти од државниот буџет
-
Дел од помладите не знаат за спомен обележјата во градот
-
Расте интересот за младински волонтеризам во Црвениот крст во Струмица
-
Преглед на вестите од светот
-
Трговците разочарани, за ССМ и ОПМ владините мерки кои ќе ја поевтинат храната, се добри
-
Коцевски: Ако јас имам дисциплинска повреда, нека ме разрешат
-
Над илјада производи ќе се продаваат со замрзнати маржи до крајот на април