Дуке Бојаџиев со два концерти во Македонската филхармонија
По речиси две години, македонскиот композитор, продуцент и пијанист Дуке Бојаџиев ќе има два концертни настапи во Македонската филхармонија. Концертот „Сон, верба, љубов“ ќе биде изведен утревечер со почеток во 19.30 часот и в сабота, во истиот термин.
На денешната прес-конференција беш дел од музичкиот тим и пријатели кои ќе настапат со Дуке Бојаџиев, Тијана, Костас Анастасиадис-тапани и Исмаил Лумановски-кларинет.
Бојаџиев изрази задоволство што е дома, во Скопје и најави дека на програмата ќе биде дел од неговиот авторски материјал освежен со нови нумери од албумското издание „Сон-Верба-Љубов“, како и дел од неговото поново филмско творештво.
- На концертот можеби ќе има малклу повеќе филмски нумери, ќе има фузија од класична и џез музика и сето тоа зачинето со њујоршка инспирација, рече Бојаџиев.
Тијана изјави дека за неа претставува чест и задоволство што ќе биде дел од концертот и додаде оти ќе ги исполни композициите и дел од хитовите на Бојаџиев.
На концертот со Бојаџиев ќе настапат и Мартин Ѓаконовски на контрабас, актерката Наташа Петровиќ како вокал и нарација и Владимир Крстев-прва виолина, Маја Ефремова-Шеќерова-втора виолина, Марко Виденовиќ-виола и Марија Михајловска-виолончело. Петровска ќе рецитира поезија од Ана Бунтевска.
Последните две години Бојаџиев рече дека главно работел на неколку филмски проекти и авторска музика.
Ново на Сител
-
25-годишник нападнат во Аеродром од три лица - му се заканиле и со пиштол
-
Герапетритис: Договорот од Преспа има задолжителен карактер и обврски што треба во потполност да се почитуваат
-
Министерството за спорт ќе ја реконструира спортската сала во кампусот на УКИМ
-
УХМР: Август годинава екстремно топол и просечно врнежлив до сушен месец
-
Советот за безбедност во полн состав, Сиљановска ги именуваше Малинка Ристевска Јорданова, Џевдет Хајредини и Владимир Спиридонов за членови
-
Бугарскиот амбасадор повикан во МНРНТ, побарано дополнително објаснување
-
Во Велес и велешко за една година евидентирани 73 жртви на семејно насилство
-
Автопат кај Виена целосно под вода