Советот за безбедност во полн состав, Сиљановска ги именуваше Малинка Ристевска Јорданова, Џевдет Хајредини и Владимир Спиридонов за членови
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова за членови на Советот за безбедност ги именуваше Малинка Ристевска Јорданова - експерт за евроинтеграции, Џевдет Хајредини - поранешен министер за финансии и Владимир Спиридонов - експерт за климатски промени. Со именувањето на тројцата членови, како што информираат од Кабинетот на претседателката Сиљановска Давкова, Советот за безбедност на Република Северна Македонија е во полн состав.
Претседател на Советот за безбедност е претседателката Гордана Сиљановска Давкова.
Членови на Советот за безбедност се претседателот на Собранието, Африм Гаши; претседателот на Владата, Христијан Мицкоски; министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски; министерот за одбрана, Владо Мисајловски; министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, како и Малинка Ристевска Јорданова, Џевдет Хајредини и Владимир Спиридонов, кои денеска беа именувани од претседателката, согласно нејзините уставни надлежности.
Советот за безбедност е највисокото советодавно тело во Република Северна Македонија, коешто ги разгледува прашањата сврзани со безбедноста и одбраната на Републиката и дава предлози на Собранието и на Владата.
Начинот на работа на Советот за безбедност на Република Северна Македонија, начинот на остварување на правата и исполнувањето на должностите на членовите на Советот, свикување и одржување на седниците, спроведувањето на заземените ставови, поведените иницијативи и дадените мислења и предлози, информирањето за својата работа, како и други прашања во врска со организирањето и начинот на работа на Советот, се определени со Деловник за работа на Советот за безбедност на Република Северна Македонија.
Седниците на Советот се затворени. Во одредени случаи седниците можат да бидат и јавни за тоа одлучува претседателот на Советот.
Ново на Сител
-
На социјалните мрежи повици за бојкот на маркетите вo петок поради високите цени на прехранбените производи
-
Орце Ѓорѓиевски: За 100 проценти се зголемува помошта за новороденчиња во Кисела Вода
-
Познатата Селена Гомез со драматично видео против имиграциската политика на САД
-
Во Битола тешко повреден велосипедист откако во него удрил „цитроен“
-
Судиска двојка Николов и Начевски ќе судат во четвртфиналето помеѓу Франција и Египет
-
Уапсен 45-годишен Швеѓанец кој со автомобил се обидел да ја пробие оградата на руската Амбасада во Стокхолм
-
Малолетник се шетал со нож низ Чаир, полицијата го приведе
-
Приведено 33-годишно лице во Штип поради кражба