Македонија
10. May 2018 - 14:34

Дуке Бојаџиев со два концерти во Македонската филхармонија

По речиси две години, македонскиот композитор, продуцент и пијанист Дуке Бојаџиев ќе има два концертни настапи во Македонската филхармонија. Концертот „Сон, верба, љубов“ ќе биде изведен утревечер со почеток во 19.30 часот и в сабота, во истиот термин. 

На денешната прес-конференција беш дел од музичкиот тим и пријатели кои ќе настапат со Дуке Бојаџиев, Тијана, Костас Анастасиадис-тапани и Исмаил Лумановски-кларинет.

Бојаџиев изрази задоволство што е дома, во Скопје и најави дека на програмата ќе биде дел од неговиот авторски материјал освежен со нови нумери од албумското издание „Сон-Верба-Љубов“, како и дел од неговото поново филмско творештво. 

- На концертот можеби ќе има малклу повеќе филмски нумери, ќе има фузија од класична и џез музика и сето тоа зачинето со њујоршка инспирација, рече Бојаџиев.  

Тијана изјави дека за неа претставува чест и задоволство што ќе биде дел од концертот и додаде оти ќе ги исполни композициите и дел од хитовите на Бојаџиев.

 Дуке Бојаџиев

На концертот со Бојаџиев ќе настапат и Мартин  Ѓаконовски на контрабас, актерката Наташа Петровиќ како вокал и нарација и Владимир Крстев-прва виолина, Маја Ефремова-Шеќерова-втора виолина, Марко Виденовиќ-виола и Марија Михајловска-виолончело. Петровска ќе рецитира поезија од Ана Бунтевска. 

Последните две години Бојаџиев рече дека главно работел на неколку филмски проекти и авторска музика.