Македонија
15. February 2024 - 12:39

ДУИ: Пендаровски ги изневери граѓаните

Стево Пендаровски нека ги каже вистинските мотиви за непотпишувањето на Законот за игри на среќа и кој го поттикна да оди против волјата на граѓаните и пратениците.

Приказната за реакцијата на Европската унија за европското знаме е петкратен стандард на Пендаровски.

Пендаровски го потпиша спорниот Кривичен законик со европско знаме и покрај масовните оспорувања на земјите членки на Европската унија, закон кој ги пропадна речиси сите случаи на Специјалното обвинителство.

Пендаровски знаеше дека опозицијата го блокираше законот за отстранување на казината и обложувалниците од нашите училишта и деца.

Отстранување на казината бараат сите граѓани, Албанци, Македонци, Турци, Роми, Срби, Босанци и сите останати, особено со благослов на мајките дека „ги спасувате нашите деца“, но и граѓанското општество.

Довербата на пратениците и граѓаните кои го поддржаа, како и целата оваа битка за отстранување на казината и обложувалниците од нашите училишта и деца, за двојно зголемување на даноците и зголемување на буџетските приходи и отежнување на процедурите за отворање и проширување на индустријата, Пендаровски ја фрли во корпата за отпадоци и ја одбра страната на обложувалниците и казината.

Уште пожалосно е образложението дека европското знаме било „злоупотребена“ за усвојување на законот и дека немал забелешки за содржината туку само за процедурата.

Обложувалниците и казината далеку од нашите училишта и деца!

Демократска унија за интеграција - ДУИ