ДУИ го промовираше кандидатот за премиер
Насер Зибери е кандидатот за премиер на ДУИ, кој беше промовиран денеска во Преспа на промотивна конвенција под слоганот „Време е за првиот премиер Албанец“. Претседателот на партијата, Али Ахмети истакна дека Зибери ги има сите доблести да ја води извршната власт на земјата кон полна еднаквост.
-После сите консултации кои ги имавме, со академици, луѓе од различни сфери, различни интелектуалци, откако завршија сите консултации, промовиравме како идеја што треба да се поддржува од сите Албанци, зошто и да не да не и се радуваат и нашите сограѓани Македонци, затоа што е за добро на сите, изјави Али Ахмети, претседател на ДУИ.
Зибери од Преспа упати порака кон оние кои се противат на идејата за Албанец премиер.
-СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ги искажаа нивните ставови и викаат дека се против идејата за прв премиер Албанец. Лично од Преспа сакам на Заев и на Мицкоски да им кажам: Не можете на Албанците да не им дадете право да имаат прв Албанец премиер. Вие не сте газда на оваа држава. Политиката на премиер вие и јас треба да ја разбереме како служба на довербата која ни ја даваат граѓаните, изјави Насер Зибери, кандидат за премиер од ДУИ.
Инаку Зибери бил пратеник од ПДП во три мандати, поранешен министер во владата на Бранко Црвенковски, а кој последните години работи како нотар.
-
Маја Богоевска
Сите содржини од овој новинар
