Државниот секретар Димовски се сретна со високиот претставник на Департментот за одбрана на САД, Купер
Државниот секретар во Министерството за надворешни работи, Виктор Димовски денеска се сретна со заменик-помошникот секретар за одбрана надлежна за Русија, Украина и Евроазија на Соединетите Американски Држави, Лаура Купер.
МНР соопшти дека Димовски информирал за активностите на Република Македонија за реализација на стратешките приоритети за интеграција на земјата во НАТО и ЕУ, со посебен осврт на постигнувањата во реформскиот процес и градењето мостови на добрососедство. Во тој контекст, биле истакнати и имплементацијата на Акцискиот план за членство во НАТО, придонесот на Република Македонија кон регионалната и глобалната безбедност, како и значењето на соработката и поддршката со САД како наш стратешки партнер.
Високиот претставник на Департментот за одбрана на САД, Лаура Купер ја потврди силната поддршка на САД за членство на нашата земја во Алијансата.
Ново на Сител
-
Бишев: Владата ги носи економските политики
-
Петрова: Даноците се собираат според планот
-
О2: Владата да забрани увоз на автомобили постари од 10 години
-
Јавниот линиски превоз во Штип, успешна приказна
-
Преглед на вестите од свет
-
Претрес во Судскиот совет
-
Одбележани 80 години од постоењето на Земјоделски институт
-
Претрес во Судски совет