Државниот пазарен инспекторат со полни раце работа на охридското крајбрежје, кривични пријави против три угостителски објекти
Сопствениците на три угостителски објекти на охридското крајбрежје заработија кривични пријави поради непочитувањето на одредбите од Протоколот за работа во услови на епидемија.
Станува збор за два угостителски субјекти на плажите 2 и 3 во автокампот Градиште, како и угостителскиот објект „Егоист“ лоциран на плажата кај поранешен хотел „Парк“.
Сите кривични се поднесени поради стореното дело непридржување кон точките 2, 3 и 4 од Протоколот за работа во услови на КОВИД-19, а се однесуваат на неносење маски од посетителите, неодржување пропишана дистанца меѓу масите, столиците, лежалките, како и непридржување кон обврската за дезинфекција на инвентарот.
Од синоќа на социјалните мрежи постојано се споделуваат снимки од забави организирани изминатите празнични денови, конкретно на плажа во Градиште, на кои се гледа како млади лица се забавуваат без притоа да се почитуваат протоколите за носење маска и одржување социјална дистанца.
Екипи на државниот Пазарен, Трудов и Градежен инспекторат во соработка со полицијата постојано се на терен, обидувајќи се да воведат ред во работењето на угостителите, но и оние кои работат на диво односно наплаќаат за издавање лежалки без соодветна дозвола и во отсуство на концесионери што би стопанисувале со плажите. Викендот се поднесени 17 прекршочни пријави против такви субјекти, и тоа 12 во Охрид и пет од Струга.
Присуството на инспектори на концертот на хрватски пејач одржан на 1 август на Античкиот театар придонесе на истиот да се почитуваат предвидените мерки за спречување на ширење на коронавирусот и вечерта да мине согласно протоколите.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници