Македонија
2. February 2022 - 16:20

Државјанин на Украина нападнал сопственик на хостел во Кисела Вода

На 01.02.2022 во 19.00 часот на подрачје на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го привеле K.A.(30) од Украина, затоа што во 17.30 часот во хостел на подрачјето на Кисела Вода, по претходно недоразбирање, физички го нападнал сопственикот Б.С.(64) од Скопје, велат од МВР.

Сочинет е записник за констатиран прекршок по член 6 и член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.