Државата им должи 200 милиони евра на приватните фирми
Државата должи близу 200 милиони евра кон стопанството. Според кварталниот извештај на МФ за достасани, а неплатени обврски, до март кон приватните фирми, здруженијата на граѓани и непрофитните организации долгот стигнал до 197 милиони евра и е за 44 милиони поголем споредено со претхониот квартал односно декември 2021. Државата должи по разни основи, но најмногу за поврат на ДДВ. Од ОРМ велат дека ако раздолжувањето не почне наскоро, фирмите ќе се соочат со многу проблеми.
Македонската економија во последните две години ја живее најтешката криза досега, а сега се најавува и затегање на монетраната политика и поскапување на кредитите, во услови на скапи енргенси ова значи дека состојбата ќе биде се полоша.
За разлика од долгот кон приватниот сектор кој расте, с енамалува задолжувањето кон јавните претпријатија. Па така во декември долјкот кон нив бил за 47 милиони евра поголем од сега. Ова се должи на вбризгувањето пари во енергетските фирми. За да го затвори минусот во буџетот до крајот на годинава, владата планира да се задолжи за уште една милијарда евра.
-
Наташа Хаџиспиркоска Стефанова
Сите содржини од овој новинар