Дрвокрадец нападнал шумар

Полицијата поднесе кривична пријава против З.Р. (34) од Крушево поради постоење основано сомнение за „Спречување службено лице во вршење службени дејствија“.
З.Р. на 21-ви овој месец, претпладнето околу 11 часот вршел бесправен пренос на околу 0,30 метри кубни зелени букови огревни дрва со коњ во село.Врбоец, пред дворното место на М.Д., без да поседува соодветна документација. Притоа бил забележан од чувар на шуми, вработен во ПСШ „Липа“ Крушево, кој му укажал дека прави прекршок по Законот за шуми и дека ќе му поднесе соодветна пријава. З.Р. потоа, прво почнал да го навредува службеното лице, а потоа со дрвената рачка од секирата што ја држел во раце го удрил во пределот на грбот.
Чуварот го оттурнал пријавениот од себе по што З.Р. го напуштил местото на настанот.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Моника Зајкова, лидер на ЛДП
-

Сиљановска: Оставете не да се европеизираме
-

Привршува подготовката на новикот Изборен законик
-

Конечно ќе почне изградбата на втората фаза од автопатот Скопје - Блаце
-

Осветен 20 метарски крст во Таринци - донација од три семејства
-

Пожарите го кренаа револтот во Штип
-

Велосипедистите бараат поврзување помеѓу Охрид и Струга
-

Преглед на вестите од светот
