Македонија
5. February 2024 - 11:14

Дритон Небиу од Алијанса за Албанците пријави сопартиец за физички напад

 Дритон Небиу, директорот на Агенцијата за одземен имот, бил физички нападнат во ресторанот Седра во Тетово, пишува „Клан“.Небиу бил нападнат од Кренар Османи, близок соработник на Арбен Таравари.

Toj ја потврдил оваа информација, односно настанот го пријавил во МВР.

„Во СВР-Тетово пријавено е дека во хотелски објект на улица Илирија во Тетово лицето Н.Д. физички бил нападнат од тетовецот К.О. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“ - информираа од СВР Тетово.

Небиу е против одлуката на Таравари на претстојните избори да настапуваат во коалиција со албанската опозиција. Села е за самостоен настап на Алијансата за Албанците на претстојните парламентарни избори.