Македонија
27. October 2016 - 14:09

Драма во Скопје за 200 денари: И се претставил како внук од Шведска па ја ограбил

Вчера во 18.00 часот во ЕИК Скопје, Х.Б.Р. од Скопје пријавила дека истиот ден околу 11.40 часот во нејзината семејна куќа непознато машко лице вооружено со пиштол извршило разбојништво врз неа.
 
Имено, додека седела во дворот, влегол сторителот и се претставил дека и е внук од Шведска, ја однел во летната кујна каде извадил пиштол и го вперил во неа, по што и побарал пари.
 
После тоа одзел 200 денари кои биле на масата и и  се заканил дека ќе ја убие ако повика помош, по што излегол од нејзиниот двор и побегнал во непознат правец. 
 
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.