Драма во Гостивар: Ги испрскал со цистерната па го претепал семејството со папагалки
Во врска со настанот кога на 6. минатиот месец околу 13.30 часот во близина на бензиската пумпа во село Градец, М.Г. со синот Н.Г. и сопругата М.Г. сообраќал на релација село Градец - село Сенокос со патничко возило ,,Фиат Стило“, при што во еден момент Х.Б. со товарно возило ,Цитроен“ се движел во истиот правец и ги испрскал со атмосверска вода, по што запрел.
По ова помеѓу непознато лице и Н.Г. настанала расправија, а кога М.Г. сакал да го оттргне син му од расправија непознатото лице со нога го удрило М.Г. во пределот на градите.
Потоа М.Г. го ставил во погон возилото и се упатил накај дома, но бил следен од возилото кое го управувал Х.Б. и по патот неколку пати удиран во задниот дел од неговото возило. Во селото Неготино во близина на амбулантата Х.Б. ги заобиколил и овој пат неколку пати со возилото ги удирал во нивното возило од предната страна.
Кога Н.Г. се обидел да излезе од возилото Х.Б. со метален предмет клешти – папагалки замавнал кон него и го удрил во левата надколеница, а потоа продолжил да удира по нивното возило по шофершајбната, кровот, стаклото, штоп светлото. Кога забележал случајни минувачи Х.Б. влегол во возилото и го напуштил самото место.
Н.Г. и М.Г. потоа се обратиле за медицинска помош во Медицинскиот центар во Гостивар, каде биле констатирани телесни повреди. Гостиварската полиција го расчисти случајот и поднесе кривична пријава против Х.Б.(23) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,насилство“.
Ново на Сител
-
Тема на денот со поранешните конгресмени Дејвид Хагс и Бил Флорес
-
Тошковски: 15 службеници издавале дозволи за оружје незаконито, опозицијата го обвинува дека отпушта професионалци
-
Кумашини на Ѓорчевски први ги поврзале исчезнувањата на Вања и Панче
-
Директорот на Детска обвини поединци со лажни ФБ профили за хајка против него и клиниката
-
Втор ден комисиска расправа за буџетот - За власта развоен, за опозицијата погубен
-
Заврши рокот за докомплетирање на документации: Локална самоуправа ќе открие која Општина за што добила пари
-
Претходното раководство на Пошта од централниот објект сакало да направи кабаре
-
Протести во Ореовец