Македонија
15. March 2018 - 13:22

Драма на Табановце, српски камионџија за малку жив ќе се запалеше во својата кабина

Ноќеска во 03,10 часот на излез од Р.Македонија, на околу 150 метри од Граничен премин "Табановце" забележан е пожар во товарно моторно возило „Рено“ управувано од М.П. од Србија.

М.П. за време на пауза од возење запалил мала плинска боца, при што се опожарила внатрешноста на кабината, а истиот се самоповредил (изгореници по дланките).

Од екипа на Итна медицинска помош на М.П. му е укажана лекарска помош, по што е пренесен и задржан на понатамошно лекување во Клиничка болница Куманово.

Од страна на Противпожарна единица пожарот е изгаснат.