Драма на Попова Шапка, малолетник падна од карпа
Во 01 часот и 35 минути во полиција Д.Б. од Скопје се јавил и пријавил дека во 01 часот и 15 минути тој како планинар, со уште тројца планинари се движел кон Титов Врв, при што кај местото „Бакардан“, се случила несреќа во која 17 годишно лице од Скопје, се лизнало од замрзната карпа и се стекнало со повреди.
По ова се правени обиди телефонски да се стапи во контакт со групата, но на телефонските броеви со кои се располагало, врска не можела да се воспостави, најверојатно поради мрежна непокриеност на просторот.
Околу 03 часот и 15 минути кон местото каде што е пријавено дека се случила несреќата се упатиле двајца планинари опремени со соодветна опрема за пружање помош во посебни услови. Лицата биле пронајдени и со хелихоптер повреденото лице било префрлено до Скопје за укажување на медицинска помош.
Ново на Сител
-
Фудбалерот од средниот ред на Фиорентина, Бове, изгуби свест на натпреварот против Интер
-
Продолжува црната серија на Манчестер Сити, пораз за „Граѓаните“ во дербито со Ливерпул
-
Кејн надвор од терените
-
Познати сите учесници на Светското клупско првенство 2025
-
Во Собранието ќе заседаваат две комисии
-
РКЕ ќе соопшти дали и за колку би поскапела струјата од 1 јануари
-
Приватните превозници се враќаат на скопските улици
-
Во сообраќајна несреќа во Будва загина македонска државјанка