Во сообраќајна несреќа во Будва загина македонска државјанка
Државјанка на Македонија, О.П.(73) загинала синоќа во Црна Гора откако во неа удрило возило во градот Будва.
Како што соопштиле за црногорски „Вијести“ од тамошната полиција, сообраќајната несреќа се случила околу 45 минути по полноќ кога во жената удрил автомобил управуван од М.М.(28) од Тиват.
Сообраќајот бил во прекин. По наредба на тамошното Основно државно обвинителство, истрагата ја спровела сообраќајната полиција на Одделението за безбедност во Будва. Телото на жртвата е испратено на обдукција, додека возачот е уапсен.
Основното државно обвинителство (ОДТ) во Котор официјално соопшти дека М.М е уапсен поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело тешки кривични дела против безбедноста на јавниот сообраќај.
„На 01.12.2024 година во Будва на ул.„Јадрански пут“ во близина на зградата на општинската полиција, пријавениот управувал патничко моторно возило кое учествувало во сообраќајна незгода во која државјанка на С.Македонија, О.П. (родена 1951 година), била усмртена додека ја преминувала улицата“, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-
Состанок на министрите за надворешни работи на НАТО
-
Трамп бара итно ослободување на израелските заложници, во спротивно се заканува со „ужасна цена“
-
Руски напад со беспилотно летало ноќеска го остави без струја западниот украински град Тернопил
-
Полска ја најави својата прва мисија на Меѓународната вселенска станица
-
Состојба на патиштата
-
Сончево со умерена облачност, температурата до 11 степени
-
Пукање во Чаир, повеќе лица повредени
-
Македонија и Хрватска ја продлабочуваат образовната соработка