Драган Начевски уште 4 години на чело на судиска на ЕХФ
Македонија и во следните четири години ќе има силно лоби во ЕХФ (Европската Ракометна Федерација). Драган Начевски повторно е избран за прв човек на Судиската организација во европската куќа на ракометот. Начевски и досега беше на оваа позиција (четири години, а добро извршената работа во овој период беше главна препорака тој да биде реизбран на денешниот Конгрес што се одржа во Санкт Волфганг, Австрија.
На истата функција атакуваше и поранешниот чешки судија Конечни, а по неговото повлекувања стана јасно дека Начевски останува „шеф на судиите“ уште еден мандат.
Михаел Видерер со акламација беше избран за нов претседател на ЕХФ, а за потпретседател е избран Предраг Бошковиќ од Црна Гора, по повлекувањето на неговиот ривал, Анријс Бренцанс од Латвија. Видерер доаѓа на местото на Жан Брио,кој поради возраста мораше да се повлече од функцијата. Инаку, Видерер е 4.тиот претседател на ЕХФ. Пред него беа Стефан Холмквист, Тор Лиан и Брио.
Македонската делегација на ЕХФ Конгресот во Сент Волфганг ја предводат Претседателот на РФМ, Живко Мукаетов и Генералниот Секретар, Филип Милошевски.
Ново на Сител
-
Амбасадорите подготвени да соработуваат со Мицкоски за судските реформи
-
Советот на обвинители не сака распуштање, Мицкоски вели срамно е да се има доверба од 2%
-
268 матуранти паднаа на државната матура
-
Кој ќе одговара за скапо платените и некористени акцеларатори за малигно болни кои ќе завршат во отпад?
-
ЕпсоТех инвестира 20 милиони евра - Ќе бидат вработени 110 луѓе
-
„Да ги пуштиме нозете колку ни е долга чергата“ рече Мицкоски за барањето 450 евра минималец
-
Кога пензионираните пилоти за ер тракторите ќе се вратат на работа?
-
Традицијата продолжува - Златните денови Кратово 2024