Балкан
26. November 2019 - 14:30

Драч како буре барут: Под урнатиот хотел се складирани канистери со 6.000 литри бензин, ако има нов потрес се ќе летне во воздух

Сопственикот на хотел „Љубљана“ во Драч ги повика надлежните служби бидејќи во подрумот на тој објект имал складирано канистери со 6.000 литри бензин.

Други медиуми пренесуваат дека се работи за 260 литри.

Сопственикот не се пожалил на штетата од разорниот земјотрес што ја погоди Албанија, но предупреди дека нов потрес на тлото би можеле да предизвикаат експлозија на канистерите.

Полицијата го обезбеди подрачјето, а пожарникарите се исто така на самото месо.

Во истата улица се урна уште еден хотел, а три лица останаа заробени во урнатините.

Да потсетиме, Албанија ја погодија два силни земјотреси, со јачина од 6,4 и 6,5 степени, а епицентарот беше недалеку од Драч.