ДПИ: Инспекциски контроли во маркетите низ цела држава, утврдено дека цените се намалени за 10 отсто
Имајќи предвид дека од денеска почнува кампањата на Владата „Помалку трошоци, повеќе за тебе – Се грижиме!“, Пазарниот инспекторат низ цела Македонија врши контроли во ланци на маркети кои согласно законот вршат дејност и во недела, со цел мониторинг на цените на производите кои се опфатени со „Новогодишната кошница“.
Од мониторингот е уврдено дека цените на производите од „Новогодишната кошница“ се намалени за 10 отсто и на рафтовите се ознечени со соодветната ознака.
-Мониторингот на цените се врши во согласност со Законот за заштита на потрошувачите и Законот за трговија, односно се гледаат сегашните цени на производите кои ги содржи листата од „Новогодишната кошница“ заедно со најниските цени на истите производи кои биле применувани во последните 30 дена. Кампањата ќе трае до 15 јануари 2025 година, а Државниот пазарен инспекторат ќе врши контрола низ маркетите за да утврди дали се почитува договорот постигнат помеѓу Владата и трговците. Во кампањата се вклучени 80 трговци, со листа од над 800 прехранбени производи која граѓаните може да ја најдат на веб страната www.mojakosnica.mk. Дополнително се очекува листата да се проширува и да опфати над 1 000 производи, потсетува Инспекторатот.
Пазарниот инспекторат апелира, доколку граѓаните забележат какви било манипулации, да пријават на 191 или на www.dpi.gov.mk.
ДПИ
Ново на Сител
-
МВР објави оглас за прием на 600 нови полицајци
-
Седници на шест собраниски комисии
-
На Попова Шапка -10 степени и 44 сантиметри снег
-
Седница на Државната изборна комисија
-
Три земјотреси во текот на ноќта во Македонија
-
Груби преку социјалните мрежи појасни дека е Косово во приватна посета
-
Синоќа полициска акција на неколку локации низ државата
-
Премиерот Мицкоски на средба со Советот на странски инвеститори